“Мислев дека некоја попозната репрезентација ќе ми го урне рекордот, а не Албанија“!

17.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Мислев дека некоја попозната репрезентација ќе ми го урне рекордот, а не Албанија“!

Се играше 23 секунда од мечот Италија – Албанија, кога Недим Бајрами успеа да го совлада Донарума за водство на Албанија со 1:0 и со тоа го постигна најбрзиот гол во историјата на Европските првенства.

По ова свој коментар имаше досегашниот рекордер, Русинот Дмитриј Кириченко, кој на ЕП 2004 уште во 67 секунда постигна гол:

Искрено многу се изненадив кога видов дека Бајрами го урна мојот рекорд. Исто така искрено мислев дека некоја попозната селекција ќе го урне овој рекорд, а не Албанија. Сепак во секој случај честитки за Бајрами и селекцијата на Албанија. Од друга страна овој рекорд и не ми значеше многу. Тие 20 години изгледаат многу долго за да се урне еден рекорд. Сега конечно можам да се опуштам“ посочи Кириченко.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата