Лече добитен кај Емполи

11.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лече добитен кај Емполи

Тимот на Лече извојува супер победа на гостински терен кај екипата на Емполи со конечни 1:3, и со тоа освои значајни три бода сезонава.

Мечот имаше еден смер уште од самиот старт кога гостите за само единсесет минути успеаа да водат со 0:2 со головите на Тете Моренте односно Крстовиќ. Домаќинот на стартот на вториот дел намали, но Крстовиќ во последните секунди од мечот со својот втор гол ја потврди победата на Лече.

Од друга страна пак, во вториот меч од саботната програма во Серија А, екипите на Удинезе и Аталанта во Удине одиграа 0:0.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата