Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина, рече дека не е исклучена можноста италијанскиот шампионат да продолжи дури и во јули и во август. Сега во моментов фудбалот паузира, една од варијантите е да биде предреме прогласен шампион, но Гравина истакна дека не е исклучено да продолжи на лето.

„Мораме да мислиме позитивно. Би сакал првенството да се доигра, па ако треба тоа да биде и во јули и во авсгуст. Се надевам дека ФИФА и УЕФА ќе дозволи ако има потреба“, изјави Гравина.