Манчестер јунајтед е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Пол Погба но не за сума под 100 милиони евра, пренесе денешен „Гардијан“.

Агентот на Французинот, Мино Рајола, има намера да ги убеди „ѓаволите“ да ја намалат цената, затоа што во моментов нема заинтересиран клуб кој би ја платил оваа отштета.

Манчестер јунајтед се надева дека благодарение на успешниот настап на Погба на Еуро 2020, нема да мора да ја намалува цената на играчот. Оваа сезона Погба одигра 7 натпревари во Премиер лигата за Манчестер Јунајтед и имаше само две асистенции.