Кошаркарот на Л.А. Клиперс Пол Џорџ ја обнови повредата на задната ложа на мечот со Бостон и прашање е колку време ќе отсуствува. Бекот трет пат оваа сезона се соочува со истиот проблем, а поради тоа пропушти вкупно десет натпревари.

Загрижен сум. Ова се повторува… Не знам што да прав име, мораме да почекаме и да ја видиме ситуацијата“, изјави тренерот на Клиперс Док Риверс.

Џорџ оваа сезона во просек бележи по 22 поени, 6 скокови и 4 асистенции.