СПРЕЧЕТЕ ГО ШИРЕЊЕТО НА ГРИПОТ! Овие правила мора да ги применувате за вирусот да не се рашири во семејството

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СПРЕЧЕТЕ ГО ШИРЕЊЕТО НА ГРИПОТ! Овие правила мора да ги применувате за вирусот да не се рашири во семејството

Кога еден член на семејството ќе добие грип, честопати има верижна реакција, така што луѓето се заразуваат еден по еден. Еве како да се запре

Во тек е грип сезона, акутна заразна болест, со симптоми на треска, треперење, исцрпеност, губење на апетит, болка во мускулите и зглобовите, течење на носот и назална конгестија, како и болка во грлото и кашлица. Но, не е потребно веднаш да одите на лекар, најважно е мирување како и пиење на многу течности.

Иако постојат начини за борба против грипот, меѓу кои вакцината која е  најефикасна, понекогаш едноставно не успеваме да го избегнеме. Кога еден член на семејството ќе добие грип, честопати има верижна реакција, така што луѓето се заразуваат еден по еден. Сепак, постојат начини што можат да помогнат да се спречи тоа кога некој во домот се разболува.

Нека само едно лице да се грижи за заразените

Кога некој дома добива грип, ограничете го контактот помеѓу заболеното лице и останатите колку што е можно. Најдобро е едно лице да преземе поголем дел од грижата, приближно една недела по почетокот на симптомите.

Посебна просторија за лице заболено грип

Ако ја имате оваа опција, дозволете му на лицето со грип, додека е заразено, да има своја просторија. Не споделувајте крпи, или кујнски прибор... Ова ќе ги намали контактите и ќе помогне да се спречи грипот да се шири на други луѓе во семејството. Додаток што може да ви помогне е маска за лице, која можете да ја купите во аптека.

Без посети

Знаеме дека звучи сурово, но ситуацијата ќе биде полоша за сите во семејството да се зарааат. Откако инфекцијата ќе заврши, можете лесно да го надоместите изгубеното време.

Исчистете и дезинфицирајте ги површините што биле во контакт со вирусот

Вирусот на грип ги деме работите што ги допирате секој ден. Некои од нив се кујнски сунѓери и крпи, садови, маси, подови, мијалници ... Затоа, редовно чистете ги и дезинфицирајте ги овие места. Темелно измијте садови, прибор за јадење, и исфрлете го и заменете го кујнскиот сунѓер со нов. Алиштата и постелнината на болното лице не треба да се перат одделно, сепак, важно е темелно да ги миете рацете по ракување со заразени предмети.

Здрави навики

Не заборавајте дека здравиот живот е најдобриот помошник во борбата против болести и инфекции. Постојат работи што можат да помогнат во зајакнувањето на нашиот имунолошки систем и затоа се бориме против грипот. Некои од нив се доволно спиење, здрава исхрана богата со зеленчук и овошје, доволно вода, редовна физичка активност и избегнување на стрес.

Често мијте ги рацете

За ефикасно миење на рацете, измијте ги со сапун најмалку 20 секунди. Запомнете дека сите средства за хигиена не се постојана замена за сапун и топла вода. Потсетете ги најмладите во семејството дека мора да мијат раце секој пат кога одат во тоалет, пред јадење и кога ќе се вратат дома од градинка, училиште, парк ...

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата