ТЕ-ТО: Работиме согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен

12.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТЕ-ТО: Работиме согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен

„ТЕ-ТО АД достави целосна документација до сите надежни институции со која се докажува
дека ТЕ-ТО АД работи согласно закон и ниту еден законски пропис не е прекршен. Еднострано
прикажаните информации од Топлификација АД пред МВР не докажуваат дека во ТЕ-ТО АД
има криминал, туку токму напротив тоа се лаги и манипулации со цел постигнување на
незаконски интереси на менаџментот на Топлификација АД“, се вели во реакцијата на ТЕ-ТО АД во врска со наводите на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Споед нив, кривичната пријава дека ТЕ-ТО АД перело пари е отфрлена од Обвинителството за
организиран криминал уште во декември 2019 година.

„Обвинувањето од Топлификација АД за лажен стечај е целосно неиздржано. Постапката за реорганизација на ТЕ-ТО АД е спроведена целосно согласно законските прописи.Тоа е потврдено со решението на Основен суд Скопје 2 Скопје и решението на Апелациониотсуд со кои се усвојува планот за реорганизација на компанијата, а во кој процес Топлификација
АД ги даде истите забелешки кои ги наведе и во кривичната пријава против ТЕ-ТО АД.Нагласуваме дека целокупната документација поврзана со стечајот и реорганизација на ТЕ-ТО АД ја анализираа врвни експерти од областа на правото кои изработија правно мислење со кое се потврдува дека ТЕ-ТО АД во целост постапувало согласно закон.Поради тоа, бараме да се престане со злоупотребата на ТЕ-ТО АД во политички цели вопредизборен период и да се остават надлежните институции без притисок да ја завршат својата работа“, се вели во реакцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата