Понеделнички

Параментални избори

2.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Параментални избори

Корона вирус нема да видите во Скопје, ни во Македонија. Со вака загаден воздух и вирус и свети вирус бегаат што подалеку од тука. Само ние остануваме и опстануваме како ендемски видови, отпорни на се. Веднаш по изборите очекувајте Кина да увезе 2-3.000 Македонци за испитување во нивните лаборатории да открие како ние овде успеваме да се спасиме и од САРС вирисот, и од Ебола, па и од свински и пилешки грип... од се што нив ги сотре.  

Тоа што не ме убива ме прави посилен. А богами нас овде многу што не дотера до умирачка ама преживеавме и, еве, многу сме ојачани. Куршум не го дупи Македонецот. Он е дуплив само од слични на себе, ако го издупи некој друг Македонец. Некои работава со корона вирусот ја сфатиле баш параноично, па гледам двајца синојка во улаз се турија со шприц и си викам, се уплашиле децава од короната, нема друго. Не реметете се, се ќе биде ОК, што би рекла Катица.

И кога сме кај Катица Недопирливата Јанева, сељачкото извира од неа и не запира. Тоа е доказ дека пари не го праат човекот, ако ве теши тоа, ама парите што ги здрпаа Катица и нејзините десет обвинители од СЈО, цирка милион евра, нема веќе да ги видите. Нити некој ќе одговара за тоа. Па така, денес, во суд имате обвинители од СЈО што здрпале милион евра од буџетот без право на тоа кои гонат обвинети од кои никој не е обвинет дека крадел државни пари. Судиите се на мака, не знаат веќе кој е кој во судницата.

Боки нешто се заканува, па ќе тихне, па пак се заканува и се така но, на Заев му се брза да заврши судењето за Рекет 1 до избори, да ја заврши домашната работа пред некој друг да се замеша во судењето и да го упропасти планот. Но, дали се ќе заврши со пресудата за Рекет 1? Не би рекол.

Друже Зоки го фаќаат и интернационално. Читате дека албанските медиуми го поврзуваат шефот на СДСМ, Зоран Заев, и со меѓународен криминал и цел еден систем за перење пари. Во време кога Заев и неговиот ташнаревиќ Венко Филипче туркаа проект за приватизација на болниците Заев да ти преговарал со мафијаш од Либија за купување на нашите болници под секоја цена. Со Филипче делуваат заедно и во бесконечната градба на Клиничката болница Штип каде братучедот Трајче Заев ги менаџира парите и градителите.

Косовските пак го поврзуваат друже Зоки со криминал теран со косоварот, екс премиерот, Рамуш Харадинај. А јас да ве потсетам на еден мој лански текст за уште еден меѓународен канал за перење пари. Оној од Либија и Сирија.

Имено, уште пред неколку години на Ски центарот Кожуф му беше понудена странска инвестиција од 25 милиони евра за целосно финансирање на проектот во сите планирани фази и враќање на долговите од кои најголем беше кон Стопанска банка, тогаш околу 9 милиони евра. Понудата изгледаше одлично. Но, потоа се испостави дека инвеститори се од фамилијата на убиениот либијски лидер Гадафи, криени преку Сирија, и понудата беше одбиена бидејќи се работи за валкани пари по кои трагаат силни американски и западно европски финансиски полиции.

Кога пукна Рекет напишав дека Боки 13 и неговиот партнер од Загреб, викан Модни мачак, переле либијски пари преку канали од Сирија и тоа е почетниот капитал за богатството на Боки и создавањето на партиската телевизија 1ТВ, како и за хотел во Макарска на хрватското приморје, но и други инвестиции. Рекет 1, 2, 3... следат потоа, откако е содаден цврст сојуз помеѓу Боки 13 и неговите милиони од една, и Заев и Фамилијата од друга страна. Милионите ги спријателија. Пари од тој вид не се перат без државна помош и закрила.

Дали Зоран Заев знаел за овие либијски пари од Сирија. Да, знаел и постојат докази за тоа кои нема уште долго да бидат тајна. Дали преземал мерки Македонија, и македонскиот граѓанин Бојан Јовановски со кој заедно терале партиска пропаганда и партиски медиуми да спречи да учествуваат во ова меѓународно перење пари? Не, оставил процесот да тече а, знаејќи ги неговите апетити и принципи не е далеку претпоставката дека и соработувал со Боки 13.

Затоа Зоран Заев никогаш повеќе нема да биде премиер, каков и резултат да постигне СДСМ на изборите, неговиата употребна вредност во политиката е завршена. Она што сега го прави, прараскажување на истите ветувања од пред три години е бајлак работа. Крпеница на парталот од партија кој го создаде.

Што ќе кажат? Дека гради два километри автопат до Косово за 24 месеци, додека Кинезине изградија болница за десет дена. Дека Груевски купил Мерцедес за државата од 400.000 евра, не за себе, а денес Шилегов плаќа 500.000 евра на фирма за чистење снег кога снег не видовме. Се исчисти само касата на Град Скопје. Дека увезол 7 милиони тони странско ѓубре во Дрисла од кое три години ви се трујат децата... Кога ќе им се пожалите во Водовод дека трет ден немате вода они ви викаат ако, така барем нема да ви замрзнат цевките зимава. За тоа ли ќе се борите и ќе гласате?

Во недостаток на било каква нормална причина да се гласа за Заев и СДСМ остануваат само параментални причини некој да го даде гласот за Зоран Заев. Логични и здраворазумски причини за тоа нема.

Овие од Шарената револуција што фрлаа кондоми полни со боја по институциите уствари бележеле кој каде сака да биде функционер. Лидерот Павле Богоевски најмногу фрлаше по Собрание па стана пратеник, ама го фатија со дрога па од срам ја напушти фотељата. Катица што ја носевте по маици нема да ја коментирам, да не ви пипкам по раните, боли. А што со оние десет обвинители околу неа што за четири години, секој од нив, заработил надвор од плата по еден или два стана. Ако немаш слика со Боки 13 две години не можеш во СДСМ да се кандидираш ни за директор, а камоли нешто повисоко.  За тоа ли се боревте, и за тоа ли ќе трчате сега за потребите на тајкунот Зоран Заев и Фамилијата.

Венецијанска комисија реши дека двојазичноста е незаконска. Минстерката за правда Дескоска одби да ја примени таа одлука и да поведе постапка за укинување на законот за двојазичност, болна точка за секој Македонец, и како за инает на Европа Заев неа ја предлага за член на – Венецијанската комисија. Сега ќе седи таму, во истата која не ја признава. Како виквте: нема правда, нема мир. А нешто сте многу смирени, веројатно правдата профукционирала. Еве, гледам Заев го оствари ветеното кога е правдата во прашање: го пушти убиецот на Мартин Нешковски, заборави дека постои случајот масовно убиство Смилковско езеро, го преќуте убиството на новинарот Никола Младенов... а што се случи со терористите од Диво Насеље кои убија девет полицајци? Па, има ли правда за да има мир.

Не им е лесно на поддржувачите, активистите на СДСМ и Заев кои треба да трчаат за него и на овие избори а знаат дека тој заминува богат, амнестиран и заштитен за разлика од нив кои, посраемни и понижени остануваат во заедничката беда, мака, двојазичност и национална дезориентираност... Патем да ги прашам: а кај земате упат за дијагноза? Избориве за некои се параментални, а не парламентални.

Ај може ќе снимат некој филм и за вас како за Атиџе од Медена земја, па ќе ве вработат и ќе ви ја искречат куќата. Можеби вашиот друже Зоки ќе се сети на вас додека се досадува на плажите на Малдиви или бачилата во Шамони и Кицбил.

(03.02.2020)  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата