Последниве денови, Ана Николиќ е во Мароко, каде што снима спотови за новите песни а со фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи ги излудува фановите и покажува дека повторно изгледа неверојатно.
Со последната нејзина фотографија пејачката покажа дека изгледа поубава од кога и да било, а не стивнуваат позитивните коментари од нејзините пријатели и следбеници на социјалната мрежа.
„Се врати Ана“, „Како божица„ „Бомба“ и „Клеопатра“ се само дел од пофалните коментари кои ги оставија нејзините следбеници на Инстаграм
Ана и претходно важеше за една од најзгодните убавициво регионот се додека пред неколку години не почна да се бори со вишокот килограми. Но сега покажува дека сето тоа е минато и дека изгледа поубаво од било кога.