20 години подоцна - ДЕТАЛИ ОД АТЕНТАТОТ НА АРКАН

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
20 години подоцна - ДЕТАЛИ ОД АТЕНТАТОТ НА АРКАН

Поминаа 20 години, а убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан продолжува подеднакво да ја интригира јавноста. Кој е вистинскиот нарачател на убиството - сè уште не е познато.

На 15 јануари 2000 година, два автомобила застанаа пред „Интерконтинентал“.  Од едниот автомобил излегле Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ Мики, кои и биле познати во полицијата и претходно.

Од другиот автомобил излегол Зоран Николиќ Пегла како и членот на на Втората чета на Првиот баталјон на полициската бригада „СУП“, Доброслав Гавриќ.

Пегла останал на паркингот додека тројцата мажи влеггле во салата, подготвувајќи се да извршат тројно убиство.

Во хотелот била невидена гужва, а Аркан се наоѓал на сепаре недалку од рецепција. Таму пристигнал заедно со сопругата Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Величковиќ и телохранителот Звонко Матеовиќ.

Додека сестрите биле  придружувани од Матеовиќ низ бутиците, Аркан седел во салата со друштвото. Неколку минути по 17 часот, Гаги и Мики пристипале.

Се ракувале со Аркан а потоа се упатиле кон скалите кои воделе кон салата за прослави. Гавриќ седнал на друго сепаре на неколку метри позади Аркан.

Една минута подоцна, Гавриќ станал од масата, од платото извадил пиштол. Три куршуми се испукани кон Аркан во задниот дел на главата. На подот во хотелот се разлетале чаури, чаши и шишиња, а гостите сите легнале на под како би се засолниле од куршумите. Полицијата дошла брзо на местото на настанот, но не и брзата помош.

Аркан бил пренесен од БМВ во Регулаторниот центар, каде официјално бил прогласен за мртов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата