Ова е Билјана на која Бора и пееше „ОСТАНИ ЃУБРЕ ДО КРАЈА“ , а еве што вели ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ (ФОТО)

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е Билјана на која Бора и пееше „ОСТАНИ ЃУБРЕ ДО КРАЈА“ , а еве што вели ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ (ФОТО)

Билјана беше едно од најубавите лица од седумдесеттите години, а нејзе и беа посветени легендарните стихови на групата „Риља чорба“. Таа беше една од најбараните модели од седумдесетите. Во тоа време немаше многу кои снимаа реклами и одеа по ревии па така Билјана Невајда Шевиќ и те како беше зафатена.

Во меѓувреме, таа го промени животот, се ориентира како угледна галеристка, стана среќно омажена мајка, а денес е и баба, Горда е на се што поминала во животот, а тоа што за Бора била фатална во тоа време не го сфатила.

Таа влезе во светот на манекенството заради својата висина, пред тоа вежбаше гимнастика, а потоа во 1968 година дефинитивно замина во светот на убавината.  Таа инспирираше креации за Кристијан Диор, а на просторот на поранешната држава патуваше повеќе пати во текот на еден месец. Триесет реклами сними само во Словенија, а во Дубровник беше како дома.

Светот на славните ја доведе и до Бора Чорба. Била гостин во вечер посветена на амбасадорите, а на истата вечер свиреле Рибља Чорба и Балашевиќ.

Додека Чорба свиреле „Лутка са насловне стране“ Бора за прв пат ја здогледал Билјана. После  десетина дена, тој бил во Сплит а таму се најде и Билјана па почнале да се гледаат а тој потполно полуде по манекенката.

Врската траеше шест месеци, а Билјана им откри на медиумите дека Бора никогаш не и верувал во целост, па решила да го напушти. Во тој момент, таа се за заљуби во друг и затоа ги напушти Бора и Белград. Таа се пресели во Сараево и нејзиниот живот тргна во друга насока, се омажи и има дете.

Една од најубавите девојки од Дедиње ги скрши машките срца, а Бора и напиша три песни од кои најпозната е „Остани ѓубре до краја“. Кога се разделиле баш тие стихови и ги изговорил.

Беше вечер. Телефонот ми ѕвонеше, беше Бора. Ме молеше да се видиме да ми прочитал некои стихови. Се спремив и отидов во барот, и таму баш како во песната. Стиховите ми се допаднаа иако тоа ѓубре на почеток ми звучеше грубо. Но се сеќавам дека бев баш рамнодушна па дури и кога ја пуштија на мојата свадба. Никогаш не допре до мене, вели Билјана после 40 години откако песната ја доби својата премиера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата