Брутално ја ПРЕТЕПА МАРИЈА, ЈА ЖИГОСА И ЈА ТЕРАШЕ ДА ЈАДЕ ИЗМЕТ, а сега повторно е на слобода (ФОТО)

7.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брутално ја ПРЕТЕПА МАРИЈА, ЈА ЖИГОСА И ЈА ТЕРАШЕ ДА ЈАДЕ ИЗМЕТ, а сега повторно е на слобода (ФОТО)

Ахмет Маринковиќ, насилник на кој му беше изречена казна затвор од три години и три месеци со брутално тепање на неговата невенчана сопруга Марија Феризовиќ, е пуштен на слобода откако ја издржа казната.

Според медиумите, Маринковиќ бил пуштен од затвор неколку дена пред Новата година.

Тој беше осуден на три години и три месеци затвор со првостепената пресуда на Вториот основен суд, и покрај жалбите на одбраната и на обвинителството, Апелациониот суд ја потврди пресудата. Овој човек беше осуден затоа што брутално ја претепа својата сопруга во Калуѓерица во септември 2016 година.

Цела Србија беше сериозно потресена откако ги виде фотографиите на кои се гледа како Марија била претепана и измачена. Во меѓувреме, Ахмет негираше пред судот дека ја претепал.

На почетокот на судењето, Маринковиќ тврдеше дека не и нанел повреди и изгореници на сопругата ниту ја мачел два дена заклучен во станот, но дека Марија или се претепала самата или нејзиниот љубовник го сторил тоа.

Откриено е дека Ахмет започнал да ја мачи жената по расправијата околу наводното неверство на Марија. Маринковиќ најпрво ја претепал сопругата со цевка од правосмукалка, која била искривена од силата на ударите, а продолжил со тупаници.

Потоа  ги исекол косата и трепките со ножици и брич, пред нивниот малолетен син. Тој исто така и се заканил со ножици да и го прободе окото, а потоа користел летва со шајки кои и се забиле во ногата кои на крај едвај биле извадени со клешти.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата