Во реприза на полуфиналето од минатата сезона, кошаркаритена Реал (М) успеаја да им се одмаздат на кошаркарите на ЦСКА за елиминацијата на Ф4 турнирот и обезбедија нова победа во тековната сезона од најсилното кошаркарско натпреварување. Вечерва во меч од 10. коло, „кралевите“ беа подобри од европскиот шампион совладувајќи го со 97:81.

Аргентинецот Кампацо одигра блескав меч за Реал со 18 поени, а Габриел дек оствари „дабл-дабл“ ефект од 17 поени и 11 скока. Кај ЦСКА, Фоигтман постигна 20 поени.

Одличен меч имаа кошаркарите на Фенербахче, кои по очајниот старт на сезоната, конечно, дојдоа до третата победа. На гостувањето во Франција против Асвел, тимот на Жељко Обрадовиќ славеше со 72:88. Гостинска победа обезбедија и кошаркарите на Панатинаикос на гостувањето кај Баерн во Минхен. Грците славеа со 75:87, што за нив беше шеста сезонска победа, втора едноподруго.

Басконија пред своите навивачи со 70:60 го совлада руски Зенит.

Standings provided by Sofascore LiveScore