Loading..

Xiaomi го претстави Mi CC9 Pro, меѓународно познат како Mi Note 10 си AMOLED екран. Имаше гласини дека телефонот може да има панел од Samsung или LG за глобалниот пазар, но извршниот директор на Xiaomi објави дека единствен снабдувач на дисплеите е Visionox – компанијата што го разви решението за Mi Mix Alpha.

Visionox е предводен од OLED тимот од универзитетот Цингуа во Пекинг, кој се наоѓа на 16-то место на светската ранг-листа на QS за 2020 година, прескокнувајќи ги универзитетите Јеил и Колумбија. Проектот Mi Note 10/Mi CC9 Pro е трет за компанијата по преклопниот прототип и Mi Mix Alpha, но всушност е прв што пристигна на комерцијалниот пазар.

Xiaomi Mi Note 10 пристигнува со 6,47-инчен екран со закривени рабови на страните и засек во облик на капка. Има Full HD+ резолуција со сооднос 19,5:9 и има скенер за отпечатоци од прсти под дисплејот.

OLED дисплејот може да достигне импресивни 430 нита светлина, а може да оди и до 600 нита што ги вети Xiaomi, ако уредот го оставите на силно светло при вклучен Auto brightness.

извор: USB.mk

Најчитани вести