Собери 1.000 евра и барај жена од Албанија

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собери 1.000 евра и барај жена од Албанија

Договорените бракови помеѓу Албанките и ергените од целиот Балкан постојат долго време, а сега постои и агенција за посредување преку интернет. Преку групата „Албанки за мажење“ на „Фејсбук“ голем број на Срби, Македонци, Босанци и Хрвати ја пронашле својата сопруга.

Од агенцијата за српски „Курир“ велат дека мотивот на младите Албанки за мажење е пред сè за бегство од сиромаштијата, а најчестиот мотив на српските мажи е што не можат да најдат соодветни сопруги за себе.

Албанките се патријахални и „робинки на домот“, велат од агенцијата.

Од агенцијата за весникот информираат дека досега договориле 82 брака, од кои 46 за државјани на Србија, а останатите за мажите од останатите бивши југословенски републики.

Во најголемиот број на случаи, нивните клиенти одат во Албанија и сами ги бираат жените и девојките со кои агенцијзата склучила договор за пронаоѓање на сопруг.

Тоа е евтината варијанта која чини околу 1.000 евра, а постои и можност невестата да му биде донесена дома на идниот сопруг и таму да остане 10 дена на проба, по што мажот одлучува дали таа останува или не. Таа варијанта чини околу 2.000 евра, наведуваат од агенцијата.

Социјалниот психолог Весна Томиќ вели дека склучувањето на вакви бракови постоело отсекогаш, но сега е во пораст поради тоа што многу луѓе, особено жените, ги напуштаат селата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата