СТРАШНО ПРОКЛЕТСТВО: Летоска ги загуби сопругот и таткото, а сега го загуби и синот

6.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО ПРОКЛЕТСТВО: Летоска ги загуби сопругот и таткото, а сега го загуби и синот

Двегодишно момче загина во директен судир кај Винковци, неговата петгодишна сестра е полесно повредена, додека неговата мајка е со тешки повреди.

Причината за несреќата е веројатно лизгавиот пат и неприлагодената брзина. Мајката на момчето, Јелена Дујета (32) од селото Антин кај Винковци, во кривината возела во спротивен правец при што удрила во друг автомобил. Пожарникарите, полицијата и брзата помош веднаш дошле на местото на настанот.

Сопствениците на другиот автомобил биле повредени и згрижени во болница, Според порталот „Новости“, годинава починале таткото и сопругот на Јелена, а сега и синот, соседите зборуваат како е можно да постои такво проклетство во животот.

„Мојот мал внук, нашиот убав ангел Дује, не наполни три години, а сега, за жал, него го нема“, рече дедото на момчето.

Жителите на селото Антин се во шок. Во дворот на семејниот дом, моментално се наоѓаат роднините кои не можат да се соземат од шокот во кој се наоѓаат после трагедијата.

„Што можам да кажам, не можам да верувам дека ова се случува“, вели неговата тетка, која се уште носи црна боја во сеќавање на починатиот брат, а сега пристигна нова трагедија во семејството.

Локалното население вели дека патот каде што загинало момчето е полн со криви и не е погоден за возење.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата