„Македонски научен институт“ од Софија со 8 услови за членство на Македонија во ЕУ

8.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Македонски научен институт“ од Софија со 8 услови за членство на Македонија во ЕУ

Македонскиот научен институт упати осум барања до бугарската влада во врска со претстојната покана за с. Македонија за влез во ЕУ, соопштин претседателот на Инситутот  доц. Проф. Александар Гребенаров.

На прес-конференција во БТА (Бугарска телеграфска агенција) тој истакна дека Софија на Скопје треба да му ги постави овие услови:

– да ги признае бугарските корени на мнозинството од населението во историскиот и географскиот регион на Македонија;

– да ги осуди политичките убиства и репресиите врз Бугарите извршени од 1944 година;

-да се сменат учебниците и помагалата во кои променета историската вистина за Бугарите во Македонија;

-да се отстранат натписи на споменици, музејски експонати и други антибугарски содржини;

– да се преиспитаат националните празници против бугарската држава (11 октомври –Н.З.)

– да се запре говорот на омраза кон Бугарите во медиумите;

- да се признае дека службениот јазик според Уставот на Северна Македонија е формиран врз основа на бугарски говори и да им се дадат граѓански и политички права на Бугарите кои се еднакви на правата на другите етнички групи во земјата, пренесуваат денес бугарски медиуми.

Извор: експрес.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата