Фирмите кои се управувани од осомничените во случајот „Рекет“ ќе бидат прочешлани од УЈП.
Управата од утре според најавите ќе влезе во фирмите на Бојан Јовановски а директорката Лукаревска кажа дека ќе се постаоува во делот на даноците.
Според Лукаревска налозите за контрола во Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници би требало да бидат дадени во петок а ќе се утврдуваат и кои исплати се правени.
Во однос на физичките лица директорката на УЈП вели дека ќе се контролираат по основ остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок , а од друга страна данчните обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок.