Ние во Анталија, тие во Македонија - најмногу туристи ни дошле од Турција

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ние во Анталија, тие во Македонија - најмногу туристи ни дошле од Турција

Според извештајот и податоците на Државниот завод за статистика, Република Северна Македонија најмногу туристи примила од Турција и тоа 19066 туристи, а потоа следат Србија со 6495 туристи и Полска со 6124 туристи.

Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.9 %.

Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7.2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.6 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2 %, а кај странските има зголемување за 3.5 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.6 %.

Според извештајот Република Северна Македонија најмногу туристи примила од Турција и тоа 19066 туристи, а потоа следат Србија со 6495 туристи и Полска со 6124 туристи.

Најмногу ноќевања во Северна Македонија оствариле турците и тоа 26237, а потоа следат холанѓаните со 24332 ноќевања, па полјаците со 22574 ноќевања.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата