Бобa од “Жикина династија“ стана дедо: Се занимава со оваа работа, денес многумина не би го препознале

21.07.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бобa од “Жикина династија“ стана дедо: Се занимава со оваа работа, денес многумина не би го препознале

Велимир Петровиќ се повлекол од светот на глума, а денеска има внук.

Сите го паметиме како Бобо од популарните филмови “Луди години“, “Каков дедо, таков внук“, Одими дојдими“, од осумдесетите. Сепак тој се одчучил за некој друг позив.

- Имам агенција за реклами и со таа работа се занимавам со години. Правевме разни реклами. Оженет сум среќно, имам две деца, син Игор и ќерка Ана. Двајцата завршија факултет, во брак се двајцата, станав дедо. Мојот син ми подари внук кој се вика Јера – рекол бившиот глумец во една прилика и признал дека моментално ништо не го интересира освен внукот.

- Немам можност често да уживам во негово друштво бидејќи мојот син и снаа живеат во Загреб, но сега се во Белград и поминваме убави моменти – Вели Петровиќ.

Глумецот и порано изјавил дека не се кае што не останал во светот на глума и дека е среќен со изборот кој го направил.

- Не сум сигурен дека тоа беше работа која ќе ме исполнува. Во суштина, јас своето хоби го претворив во главно занимање, го работам она што ме исполнува. Не се гледам себе си во тој свет – рекол Боба од “Жикина династија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата