Бекамови тајно го прославиле роденденот на ќерката Харпер

15.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бекамови тајно го прославиле роденденот на ќерката Харпер

Семејството  без бунтовникот Бруклин се собра во Мајами за посебниот ден на нивната сакана.

За овој важен ден, тие го избраа омилениот луксузен италијански ресторан „Сант Амброзус“ во Вест Палм Бич.

На роденденската свеченост на Харпер покрај Дејвид и Бикторија беа и браќата на Харпер Ромео и Круз, повторно недостасуваше Бруклин Бекам .

Меѓу гостите беа блиски семејни пријатели, како што се познатиот фризер Кен Павес, Џеки Апостел и Ким Тернбул.

Сепак, семејниот круг и овој пат не беше комплетен. Најстариот син  Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц беа отсутни од роденденската вечера, тие се во „војна“ со мама Викторија. Но, без оглед на тоа, прославата јасно ја демонстрираше силната семејна блискост што ја негува оваа позната фамилија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата