Во Австрија е уапсен внук на познат нацист, ги држел шесте мали деца затворени во подрум(ВИДЕО)

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Австрија е уапсен внук на познат нацист, ги држел шесте мали деца затворени во подрум(ВИДЕО)

Откриено е дека тој е внук на озлогласениот нацист Ернст Калтенбрунер, пишува Daily Mail.

Лендон, татко на шест деца, е осомничен дека ги заклучил во подрумот. Полицијата го уапсила откако физички ги нападнал полицајците кои дошле да го испрашуваат за условите во кои живее неговото семејство во Обриц, на стотина километри северно од Виена.

Соседите повикале полиција откако слушнале плач од подрумот на семејната куќа во која живее Лендон со неговата 40-годишна сопруга и нивните три сина и три ќерки. Сите деца се помлади од седум години.

Полицајците во подрумот пронашле деца на возраст од седум месеци до седум години. Лендон бил приведен, по што бил ослободен без обвинение. Лендон рече дека инцидентот бил дел од одмаздата на локалниот заменик-градоначалник Ерих Грил, кој не се согласува со нивниот повлечен начин на живот.

„Моето семејство е преплашено од тоа што се случи, нема да се вратат во куќата во која живеевме речиси една година бидејќи се плашат дека може да се врати полицијата. И сето тоа затоа што на заменик-градоначалникот не му се допаѓа нашиот избран начин на живот и сака да си заминеме. “, рече Лендон.

„Видов двајца мажи надвор како гледаат во мојот имот и тие ми викаа да излезам. Еден рече дека имаат причина да веруваат дека моите деца не се безбедни. Реков дека се совршено безбедни и дека ги школуваме дома и тоа не е нивна работа како ќе живееме“, додаде Лендон. Потоа продолжи:

„Но, тие одбија да излезат и почнаа да влегуваат. Потоа искористив спреј, трчаа низ дворот и по неколку минути полицијата ми ја скрши вратата. Децата беа преплашени, а сопругата плачеше и сѐ беше залудно. Решивме да не ги регистрираме децата, но сите се мои и сега ќе треба да одиме во Виена да направиме ДНК тестови за да докажеме дека се наши“.

Се вели дека Лендон е член на движењето Рајхсбиргер, група екстремни десничари кои веруваат дека Германската империја сè уште постои како и пред Втората светска војна.

Дедото на Лендон, Ернст Калтенбрунер, бил водач на СС во Австрија, а подоцна и началник на полицијата во воена Германија, како и лојален следбеник на Адолф Хитлер и еден од главните протагонисти на холокаустот. Тој го основал концентрациониот логор Маутхаузен, прв од ваков вид во Австрија, каде што биле убиени околу 90.000 луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата