Ова видео никогаш никој не го видел: Вучиќ 1980 година зборува за другар и Ѕвезда... (видео)

15.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова видео никогаш никој не го видел: Вучиќ 1980 година зборува за другар и Ѕвезда... (видео)

Неодамна емитувана е снимка од 1980 година од манифестацијата “Радост на Европа“ кога по игра на случајност, изјава за телевизија дал денешниот претседател на Србија Александар Вучиќ на своја 10 годишна возраст.

Имено во рамки на манифестацијата деца кои дошле во Србија престојувале кај од основци во Белград. Претседателот на Србија тогаш примил дете од Австрија по име Леополд Вишар.

- Тој многу се интересираше за спорт, особено за учество на “Црвена ѕвезда“ во европските купови бидејќи тогаш “Ѕвезда“ играла навистина добро. На нивна желба ние овде одигравме една пријателска утакмица и ние победивме, но без разлика на нашето радување и нивното тагување, ние останавме пријатели кое пријателство никој не ќе може да го избрише. Тој се викаше Леополд Вишак а имаше надимак Полди – раскажал тогаш десетогодишниот Вучиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата