Принцот кој ЗЛОСТАВУВАШЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ има подобар статус од Хари: Одлука која му го СКРШИ СРЦЕТО

22.09.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот кој ЗЛОСТАВУВАШЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ има подобар статус од Хари: Одлука која му го СКРШИ СРЦЕТО

Британските медиуми пишуваат дека за принцот Хари и Меган не престануваат да се нижат разни понижувања и ниски удари. Имено, откако парот од медиумите дознал дека не биле поканети на големиот дочек во Бакингемската палата во неделата навечер, каде ќе се соберат светски лидери и членови на бројни кралски семејства, војводата од Сасекс доживеа нов удар.

princ Hari, Princ Vilijam

Дејли мејл пишува дека принцот Хари е „уништен“ откако амблемот со иницијалите на кралицата Е.Р., бил отстранет од неговата воена униформа што ја носел за време на бдеењето покрај нејзиниот ковчег.

princ Hari, Princ Vilijam

Да потсетиме, во саботата сите осум внуци на кралицата Елизабета Втора се собраа во Вестминстерската сала за да и оддадат почит на нивната почината баба. Вилијам и Хари, обајцата во воена униформа, стоеја на двата краја од ковчегот , а тука беа и другите внуци на кралицата – Зара Тиндал и Питер Филипс, принцезите Беатрис и Евгенија, Лејди Луиз Виндзор и нејзиниот брат виконтот Северн.

princ Hari, Princ Vilijam

На Хари, кој некогаш беше на фронтот во Авганистан, во една прилика веќе му беше ускратена шансата да носи воена униформа затоа што повеќе не е член на кралското семејство, барем кога станува збор за службените обврски. Меѓутоа, кралот Чарлс III му дозволил да ја носи униформата за време на бдеењето во Вестминстерската палата.

princ Hari, Princ Vilijam

 

Но, војводата од Сасекс, наводно, останал запрепастен и шокиран кога открил дека иницијалите на баба му биле отстранети од еполетите на неговата униформа и се вели дека дури размислувал да ја облече утринската униформа за да избегне јавен срам. Принцот Вилијам, пак, уредно имаше препознатлив монограм на своите еполети.

princ Hari, Princ Vilijam

 

„Тоа му го скрши срцето на Хари. Отстранувањето на иницијалите на неговата баба изгледа како намерен и промислен чин“, изјави неговиот пријател за The Sunday Times.

Дури и на принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета Втора, кој е обвинет за сексуална злоупотреба во Америка и исто така повеќе не извршува службени должности во кралското семејство, му беше дозволено да го задржи кралскиот монограм.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата