КОСОВАРИТЕ НЕПОСАКУВАНИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Ако бираш комшија, да не е од Косово

9.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОСОВАРИТЕ НЕПОСАКУВАНИ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Ако бираш комшија, да не е од Косово

Истражувањето кое беше нарачано од Швајцарската канцеларија за вдомување (BWO) дојде до заклучок дека веројатноста за да бидеш поканет и примен на листата за изнајмување на стан се зголемува или се намалува во зависност од презимето на особата која е во текстот на апликацијата, известува “SonntagsBlick”.

Една истражувачка група од универзитетите во Женева, Ноенбург и Лозана во периодот помеѓу март и октомври 2018 година испрати повеќе од 11.000 барања за посета на станови за изнајмување. Истражувачката група реагираа на вистински огласи нас станови за издавање ширум Швајцарија и ги напишаа апликациите со типични швајцарски имиња, а други со имиња што укажуваат на потекло од Германија, Франција, Италија, Косово и Турција.

“Луѓето со албанско или турско име имаат многу мали шанси да бидат поканети на терминот што се одредува како процедура за да може заинтересираните да го видат станот кој е за изнајмување”, пишуваат авторите. Хендикепот за луѓето со “погрешно” име е особено голем кога тие се заинтересирани за многу евтин стан од приватен сопственик: за такви објекти еден позитивен одговор е скоро за десет процентни поени понизок отколку кај луѓето со швајцарски имиња.

Сепак Швајцарски Блик не пишува од каде оваа омраза или негирање на новопечената ‘косовска нација‘?

Според Швајцарската  агенција за државна статистика  дури 36% проценти од жителите на Кантонот Базел се странци (тоа занчи со виза за престој без оние кои примиле швајцарско државјанство). Најмногу странци има во Женева дури 40% од населението се странци. Додека пак најмалку странци имаат кантоните Ури и Апенцелер само 11 %, што се должи на конзервативноста на овие строседелци на Швајцарија.

Најмалку 170.000 Косовски Албанци живеат во Швајцарија, што е една десетина од населението на Косово. Многумина се добро интегрирани, а сепак одржуваат блиски врски со својата матична земја, редовно патувајќи меѓу Цирих и Приштина. 

Сепак помладите не ја негуваат традицијата многу од нив не сакаат да продолжат да испраќаат пари на роднините во својата татковина. Минатата година од Швајцарија биле испратени 175 милиони франци. ова е статиситка што е превземена од Банките, а се претпоставува знаејќи ја Албанската култура дека уште толку се пренесени во кеш преку граница. Од ниедна друга земја не доаѓаат толку многу пари во Косово.

Косово е економски на дното и една третина од населението живее под линијата на сиромаштија. Повеќе од 50 проценти од момчињата се невработени. Косовските Албанци во Швајцарија сенезадоволни од лошото управување на политичката елита и како резултат на тоа има економска стагнација сеуште многу лош имиџ за Албанците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата