Фон дер Лајен од Тирана: Албанија е на вистинскиот пат кон ЕУ

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фон дер Лајен од Тирана: Албанија е на вистинскиот пат кон ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска престојува во Тирана, што е нејзина прва дестинација во рамки на турнејата во Западен Балкан, на заедничката прес-конференција, со премиерот Еди Рама, оцени дека „Напредокот на Албанија воодушевува, постигна рекордно темпо со преговорите и таа е на вистинскиот пат кон Европската Унија“.

- Задоволство ми е што ја започнувам мојата годишна турнеја низ Западен Балкан во Тирана. Албанија е на вистинскиот пат кон ЕУ, со рекордно темпо во последните три години. Поминавте долг пат, постигнавте напредок. Ја ценам работата што ја заврши албанската влада и ја поддржувам амбицијата на премиерот Еди Рама да ги затвори групните поглавја до крајот на 2027 година, рече таа, изразувајќи подготвеност да ја поддржи Албанија на секој чекор од патот.

Сепак на прашањето: Кога ќе се отвори вратата на ЕУ за Албанците? Таа со одговор „мора да работите на реформите“.

- Сите со право велиме дека условот за проширување се базира на заслуги, а заслугите на Албанија се очигледни. Тоа е нормален процес на отворање поглавја и работа на реформи со цел да стане дел од ЕУ, рече меѓу другото Фон дер Лајен.

Фон дер Лајен нагласи дека Албанија е целосно во согласност со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија.

Премиерот Еди Рама рече дека разговарале за теми од заеднички интерес, додавајќи дека го „цениме фактот што претседателката и Комисијата му даваат посебно значење на Западниот Балкан, а посебно внимание на процесот на приближување на нашите земји

кон Западниот Балкан“, додавајќи дека неговата земја преговорите ќе ги заокружи во 2027 а до 2030 година ќе биде членка на ЕУ.

- Разговаравме за планот за раст што ЕУ го стави на располагање на Западниот Балкан. Исто така, добивме позитивна оценка за оваа точка и ќе продолжиме упорно да ги извршуваме задачите што сме ги презеле, рече Рама.

Тој посебно ја нагласи важноста од „континуирана поддршка за Украина во соочувањето со руската агресија“, прашање кое било во фокусот на средбата, оценувајќи дека оваа војна, исто така, ги загрозува и предизвикува вредностите и принципите врз кои е основана Европската Унија.

- Во овој момент, целосно се согласуваме дека мора да продолжиме да ја поддржуваме Украина без резерви, бидејќи навистина, меѓу другото, се случува судир помеѓу еден начин на гледање на светот и разбирање на коегзистенцијата врз основа на принципите и вредностите на ЕУ и демократска Европа, и сосема поинаков начин на гледање на светот што ги предизвикува и загрозува овие вредности и принципи, рече Рама.

Фон дер Лаејн беше дочекана од Рама со сите државнички почести а оствари средба и со шефот на државата Бајрам Бегај. Заедно со Рама ќе се обратат на Инвестицискиот форум ЕУ-Западен Балкан, што денеска и утре се одржува во Тирана.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата