Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е задоволен од отвореноста, конструктивноста и искреноста на руската делегација во врска со Нафтената индустрија на Србија (НИС) и нагласи дека нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати и нема да има енергетска криза.

Вучиќ објави дека имал отворен и искрен разговор со претседателот на Управниот одбор на „Газпром“, Александар Дјуков, и заменик-министерот за енергетика на Русија, Павел Сорокин.

„Нашите руски пријатели ја разбраа нашата порака. Разбравме кои се нивните интереси. Ќе направиме сè што е во најдобар стратешки и тактички интерес на Република Србија“, рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.

Тој им порача на граѓаните да „бидат смирени“ и додаде дека државата е тука да се бори за граѓаните, во нивно име и на нивна сметка.

„Не е лесно време и не е мал товар пред нас, но она што можам да им го кажам на граѓаните на Србија - нема да има недостиг од нафта, нафтени деривати, ниту пак некоја поголема енергетска криза во Србија“, рече Вучиќ по разговорот со Дјуков за ситуацијата откако НИС беше погодена од американските санкции поради мнозинската руска сопственост во таа компанија. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата