Марија Шерифовиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“ - ОВА Е ПРИЧИНАТА

17.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марија Шерифовиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“ - ОВА Е ПРИЧИНАТА

Се чини дека наредната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ нема да биде во ист состав.

Имено, Марија Шерифовиќ открила дека е многу уморна од натпреварувањето, па најверојатно ќе го напушти шоуто.

– Јас толку многу стрес доживеав па така најискрено размислувам ова да биде моја последна година, бидејќи се ми стана напорно и тешко. Оваа година заедно со натпреварувачите почнавме се да доживуваме поемотивно. Се караме едни со други повеќе од што е потребно. Сепак тие се мои колеги и сакам од време на време да може да се сретнам со нив и да испијам едно кафе, рекла Шерифовиќ и додала:

– Седнав со Саша и му ја соопштив мојата одлука, секако не беше среќен поради ова, па ќе видиме што ќе биде. Уморна сум од тоа да изгледам како непристојна будала во шоуто, рекла Марија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата