Разбиена група која продавала лажно маслиново масло во ЕУ

15.05.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Разбиена група која продавала лажно маслиново масло во ЕУ

Организирана криминална група која произведувала и продавала лажно маслиново масло во Германија и Италија е успешно разбиена со апсење на 24 лица, соопшти „Еуроџаст“, тело за судска соработка на Европската унија.

Канцеларијата на Италијанското државно обвинителство во соработка со германските национални власти и со активна поддршка од „Еуроџаст“, успешно ја заврши истрагата започната во 2015 година.

Членовите на организираната криминална група се обвинети за производство на вештачко маслиново масло. Во масло со потекло од јужниот дел на Италија, тие додавале различни супстанции како што се хлорофил, бета-каротен и соино масло.

Вакво масло подолг период се дистрибуирало на германскиот пазар под етикета на екстра квалитетно маслиново масло. Тоа можело да се најде во ресторани и продавници во Штутгарт, Франкфурт и Берлин, како и во ресторани и продавници низ цела Италија.

Вкупната штета нанесена на потрошувачите се проценува на осум милиони евра.

Организираната криминална група во Германија на секои две недели испраќала 23.000 литри маслиново масло.

Италијанската полиција во текот на истрагата запленила 150.000 литри од маслото, подготвени за продажба.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата