Либан ќе ја произведува руската вакцина „Спутник В“

01.08.2021
Либан ќе ја произведува руската вакцина „Спутник В“

Фармацевтската компанија „Арван“ од Либан и Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) планираат следната недела да потпишат договор со кој вакцината „спутник В“ ќе се произведува во Либан, изјави денеска за ТАСС потпретседателот на компанијата, Рувајда Дам.

На церемонијата на потпишување, закажана за 3 август, ќе присуствува либанскиот в.д. министер за индустрија Имад Хобал, како и в.д. Хамад Хасан, кој ќе пристигне во Москва на 2 август.

„Производството на руската вакцина ќе започне во фабриката „Арван“, во градовите Јадра, јужно од Бејрут“, рече Дам.

Според неа, либанскиот претседател Мишел Аун силно го поддржува овој проект.

Дам додаде дека либанската компанија побарала од РДИФ да ја разгледа можноста за производство на Спутник во Либан уште во март, велејќи дека компанијата планира да произведува повеќе од 30 милиони дози годишно.

„Нашата земја веќе доби барања од Египет, Ирак и Сирија за купување на Спутник“, рече таа.

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата