Внимавате што јадете, а не слабеете?! Еве што може да е проблем

22.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Внимавате што јадете, а не слабеете?! Еве што може да е проблем

Вимавате што јадете, броите калории… ама никако не ви успева да дојдете до посакуваната тежина. Зошто е така? Можеби една од овие три навики кои ви се непријатели во борбата против килограмите, е токму ваша:

Кафе за ДОБРО УТРО! 

Освен ако не се будите многу рано пиејќи вода во текот на ноќта, голема е веројатноста дека наутро ќе се чувствувате дехидрирани. Тоа не само што предизвикува стрес во вашето тело, туку и ви ја одзема енергијата и го зголемува вашиот апетит, што не е добра вест доколку сакате да ослабете. Затоа, пред да направите утринско кафе или пак чај, испијте 2 чаши вода.

Не се занимавате со физичка активност

Во просек седиме околу 67 часа во текот на неделата. Благодарение на новиот бран на технологии и нови работни места, денес губиме 100 калории помалку отколку пред 50 години. Но, тоа не значи дека треба да дадете отказ за да ослабете. Дури и кога внимавате што јадете, физичката активност е неопходна за намалувањето на килограмите.

Слушате бавна музика

Ниту една физичка активност не е иста без музиката. Но, доколку сте љубители на побавни жанрови музика, вашата плеј-листа може да биде многу помалку ефективна отколку песните и музиката  со бавен ритам. Според многу истражувања, музиката која е брза и содржи мотивациски изрази може да ве натера да се движите побрзо и потсвесно ве мотивира да станете од столче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата