Конечно пристигна пролетта, а со тоа и убавото време кое е идеално за прекрасни лежерни фустани. По топлиот и сончев велигденски викенд, според прогнозата, ќе имаме убави пролетни, ако не и летни мајски денови. Токму високите температури нè поттикнуваат да ги „фрлиме“ фармерките и пантолоните и да одбереме нешто полежерно и поудобно.

Баравме токму такви пролетни и летни фустанчиња во продавниците и пронајдовме модели кои освојуваат на прв поглед. Дури и ако не сте голем љубител на фустани и многу повеќе сакате панталони, веруваме дека ќе сакате некои од овие модели да ги имате во вашата гардероба.

Бевме заинтересирани за фустани во кои жените се чувствуваат добро, кројки кои им ласкаат на женското тело, без оглед на конфекциското бројче кое го носите. Ние ги издвоивме секогаш популарните миди и макси должини кои жените претпочитаат да ги носат.

Лепршавите кројки  предизвикуваат чувство на удобност, а боите и дезените се прилагодени на различните вкусови и желби. Можете да изберете помеѓу модели со долги и кратки ракави и со прерамки, така што ги покривме сите месеци до крајот на летото, дури и во рана есен.

Овие фустани можете да ги носите со балетанки, патики, високи потпетици, сандали, апостолки – комбинирајте како што сакате и играјте си со комбинациите.