Памела Андерсон во програма од кревет - г*ла со својот нов сопруг

23.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Памела Андерсон во програма од кревет - г*ла со својот нов сопруг

“Подобро што останавме сами иако ќе беше убаво да беа со нас и членови од семејството, сепак не ни беше проблем што сме сами. Имавме многу убава и тивка церемонија“

Во време на пандемија не е реткост славни личности во разни емисии да се вклучат од својот дом користејќи камери, но гледачите на шоуто “Loose Women” ги изненадило кога Памела Андерсон се јавила од кревет и разговарала со водителките, мазејќи се со новопечениот сопруг Ден Хејхаст.

Тие двајца опуштено лежеле во кревет, а Ден држел камера додека Памела зборувала за нивното венчавање кое се одржало во Ванкувер, Канада.

На прашањето дали се одлучиле за скромно венчање поради мерки за сузбивање на пандемијата, поради која на венчањето немало никој од семејството и пријателите, Памела одговорила:

– Подобро што останавме сами иако ќе беше убаво со нас да беа и некои членови од семејството, сепак не ни беше проблем што сме сами. Имавме многу убава и тивка церемонија – рекла таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата