Во недостаток на музички концерти и настапи Рики Мартин ужива со своето големо семејство, сопругот Јиван Јосеф и нивните четири деца.

А изгледа дека и дома му е многу здодевно, и не знае што да прави самиот со себеси, па решил да си ја бланшира брадата.

Пејачот ги изненади со својот нов изглед своите скоро 15 милиони следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.

„Изгледаш како Дедо Мраз“, му пиша еден обожавател. „Започнуваш нов тренд“, му ласкаше друг. Рики позираше и со Греми наградата што ја доби за албумот „Pausa“, но сето тоа падна во втор план поради неговата брада.

„Кога ти е здодевно, бланширај се!“, напиша пејачот во описот на една од фотографиите што ги објави.

Рики Мартин во 2010 година скрши многу женски срца кога откри дека е хомосексуалец. Тој е во врска со сликарот Јиван од 2016 година, а во ток-шоуто на Елен Деџенерис во 2018 година потврди дека се венчале во тајност и дека имаат четири деца од сурогат мајка.