МВР СЕ ОГЛАСИ ЗА ТЕНЗИИТЕ ВО ВЕВЧАНИ - Сакале да спречат само поголемо групирање

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МВР  СЕ ОГЛАСИ ЗА ТЕНЗИИТЕ ВО ВЕВЧАНИ - Сакале да спречат само поголемо групирање

МВР излезе со образложение за денешните настани во Вевчани, каде настанаа тензи помеѓи граѓани кои се обидоа да одржат карневал и поголем број на полициски служебници.

Од СВР Охрид велат дека полицијата само сакала да спречи групирање на повеќе лица.

Според Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски интервенцијата на полицијата била поради непочитувањето на мерките и прописите за спречување на ширење на коронавирусот, односно забраната за групирање на повеќе од четири лица со што се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

– И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација, да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, изјави Димоски.

По документирање на случајот, додаде, ќе бидат поднесени и соодветни пријави против прекршителите.

– Апелираме до сите граѓани заеднички да придонесеме за спречување на коронавирусот, односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани, истакна Димоски.

Вевчани денеска живее во духот на вековната традиција, познатиот Вевчански карневал, но поради пандемијата со Ковид-19, двете василичарски друштва Горна и Долна маала се откажаа од организацијата на карневалот. Вевчанци, иако во мал број, сепак не се откажаа од традицијата и маскирани, во помали групи излегоа низ улиците преку маски, на сатиричен начин да покажат дел од настаните што ја одбележаа изминатата година.

ТЕНЗИЧНО ВО ВЕВЧАНИ: Вевчанци се обидоа да организираат карневал, ПОЛИЦИЈАТА ЗАБРАНИ (ВИДЕО) https://vecer.mk/node/550067

Posted by Вечер on Wednesday, January 13, 2021

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата