Силен земјотрес ја погоди Турција

3.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција.

Управата за катастрофи и вонредни ситуации АФАД соопшти дека нема непосредни извештаи за жртви или материјални штети од потресот, кој бил на длабочина од 20 километри во 8.45 часот по локално време.

Турција, која се наоѓа на трусно подрачје, оваа година веќе ја погодија два силни земјотрси – еден минатиот месец го потресе западниот пристаништен град Измир, при што загинаа 117 луѓе и вториот во провинцијата Елазиг, кога загинаа 41 човек.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата