ЧУДО НА МОРЕ: Два дена барале изгубен морнар, НАИШЛЕ НА НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА (ФОТО)

30.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧУДО НА МОРЕ: Два дена барале изгубен морнар, НАИШЛЕ НА НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА (ФОТО)

Морнарот Стјуарт Би (62) е пронајден по дводневно пребарување во водите на американската сојузна држава Флорида, пишува Си-Ен-Ен.

Би ја напуштил марината Кејп во Порт Канаверал во петокот во 16 часот, а неговото исчезнување го пријавил член на марината, кој рекол дека Би во нормални услови не плови ноќе.

Потрагата започнала веднаш, а американската крајбрежна стража во неделата објави дека бродот на Би долг бил пронајден на растојание од 138 километри од источниот брег на таа сојузна држава, каде тој се држал за лакот на својот потонат брод.

- Спасувањето животи на море е наш повик. Ова е навистина неверојатен исход што ја покажува врската помеѓу сите морнари и нашата заедница - рече капетанот Марк Влаун, командант на американската крајбрежна стража.

Во операцијата за спасување учествувале и авионите и сите бродови што биле расположливи  во тој момент.

Здравствената состојба на морнарнот засега не е позната.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата