Мајами направи нов потег на слободниот пазар. „Жешките“ го привлекоа слободниот агент Ејвери Бредли, кој минатата сезона го носеше тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Договорот е на 2 години вреден вкупно 11,6 милиони долари.

Бредли е второто ново засилување за Ерик Сполстра по крилото Мо Харклс, кој потпиша со Мајами исто така денеска. Бредли имаше просек од 8,6 поени и 2,3 скока на 49 натпревари за Лејкерс минатата сезона. Тој играше и за Бостон Селтикс, Детроит Пистонс, ЛА Клиперс и Мемфис Гризлис. Во меѓувреме, поранешниот играч на Хит, Џеј Краудер замина во Аризона. 30-годишното крило потпиша 3-годишен договор вреден 30 милиони долари со Феникс Санс.