Со двата гола на Кристијано Роналдо постигнати уште во првото полувреме, екипата на Јувентус славеше со 2:0 на мечот против Каљари во рамките на 8. коло во Серија А. Јуве ја обезбеди четвртата сезонска победа и дојде на бода зад лидерот Милан, кој има меч помалку.

Португалската ѕвезда постигна фантастичен гол за водство од 1:0 во 38. минута, за само 4 минути подоцна и по вторпат да го матира гостинскиот голман Крањо со што Јуве ја најави победата. Во второто полувреме не видовме гол, но Јувентус немаше проблеми да си гоз адржи веќе обезбеденото водство.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore