МУ ОСТАНА ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ДЕН ЗА СНИМАЊЕ: Беќарев не ни насетувал дека ќе му биде последна улога, еве што ќе се случи...

20.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МУ ОСТАНА ЕДЕН И ЕДИНСТВЕН ДЕН ЗА СНИМАЊЕ: Беќарев не ни насетувал дека ќе му биде последна улога, еве што ќе се случи...

Последен пат Иван Беќарев се занимавал со работа која најмногу ја сакал на 22 октомври. Насмеан, ведар и полн оптимизам, не ни насетувал дека тоа ќе биде негова последна улога.

Вечерта се пожалил дека не се чуствува добро и хитно е префрлен од Лесковац на инфективна клиника во Белград, каде што на 16 ноември починал во вечерните часови.

Последна улога на градоначалник на Лесковац во филмот “Било еднаш во Србија“ му донела радост, а режисерот Петар Ристовски открива во која насока ќе оди приказната после смрта на Беќарев. Снимањето ќе продолжи во тек на април. Секако е планирано да се досними тогаш.

Моравме да го прекинеме снимањето на 22 октомври, бидејќи Иван Беќаров доби корона, а во тој момент во Лесковац короната беше нула заразени. И поради тоа Институтот за јавно здравје ни нареди дека мора да го запреме снимањето, што тоа и го сторивме.

На Иван му остана уште еден ден снимање. Секако дека ќе ги искористеме сите сцени кои беа со него. А таму каде што требаше уште да се појави, ќе го преправиме сценариото – вели режисерот Петар Ристовски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата