ОВА МОЖЕ ДА ЗНАЧИ „ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО“- Откриен астероид преку кој може секој на Земјата да стане милијардер

30.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА МОЖЕ ДА ЗНАЧИ „ЗБОГУМ СИРОМАШТИЈО“- Откриен астероид преку кој може секој на Земјата да стане милијардер

Научниците открија огромен астероид кој содржи доволно метал за да може секој на Земјата да стане милијардер.

Наречено „Psyche 16“, ова вселенско тело се наоѓа на 370 милиони квадратни километри оддалечено од нашата планета и е еден од најтешките објекти во нашиот Сончев систем.

Преку вселенскиот телескоп Хабл, научниците одблизу го разгледаа овој астероид, за кој се верува дека вреди 1.000 трилиони долари.

Повеќето астероиди се направени од карпа и мраз, но "Psyche 16"е составен од густ метал, за кој експертите веруваат дека е остаток од планетата во раните фази на нејзиното создавање. Следејќи ја истата логика, истражувачите велат дека оваа планета била уништена од силен судир со друг голем објект, оставајќи зад себе парчиња метал, што е моменталната форма, и орбитира меѓу планетите Марс и Јупитер.

Постоењето на астероидот „Psyche 16“ е откриено во средината на деветнаесеттиот век, но составот на металот е откриен од неодамнешните набљудувања преку вселенскиот телескоп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата