Позади сцената и далеку од очите на јавноста, има одредени работи што многу актери, пејачи и модели не сакаат јавноста да ги знае. Нивните постапки, одлуки, но и приватниот живот се изложени на јавноста секој ден, поради што многу ѕвезди сакаат да кријат детали од нивниот приватен живот. Актерката Анџелина Џоли до неодамна откри една таква тајна која ја криела со години.
Имено, Анџелина неодамна се појави во емисија во која ја прашаа што е најлудата работа за која некогаш сонувала. Иако на почетокот не можеше да не се смее, призна дека некогаш сонувала бизарен сон.
- Бев проститутка. Не се сеќавам целосно на сонот, но знам дека тоа беше моја професија, бидејќи немав од што да преживеам. Кога се разбудив, се чувствував преплашено. За среќа, тој сон не се повтори - рече Анџелина низ смеа.
Инаку, неколку пати изјави дека во младоста експериментирала многу со дрога и с*ксуални игри и со задоволство влегувала во љубовни врски со девојки.