Корона вирусот кој моментално се шири по светот не е истиот корона вирус кој се појави во кинески Вухан на крајот на минатата година. Истражувањето кое го спроведоа научници од болницата Хјустон Методист покажа дека новите способности на се многу позаразни од првичните.

Како што пишува Reuters, во рамките на истражувањето биле анализирани повеќе од 5.000 геноми од вирусот собрани во текот на раните фази на пандемијата во хјустон и во текот на актуелната фаза од инфекцијата.

Истражувањето, кое уште не е ревидирано, открило дека речиси сите собрани примероци во вториот бран имаат мутација, позната како D614G, која резултира со повеќе израстоци на вирусот со кои се прикачува за клетките. Корона вирусот има форма на круна со израстоци кои му помагаат да се поврзе и да ги инфицира клетките во телото. Поголемиот број израстоци го олеснува заразувањето на клетките.

Научниците предупредуваат дека пациентите кои биле заразени со мутираната верзија имале значително поголема колична на вирусот во телото во однос на пациентите од првиот бран. Но, тоа не значи дека вирусот е поопасен. Истражувањето не покажало дека новата, мутирана верзија на вирусот влијае на смртноста на пациентите.

Што значи тогаш таа мутација? Научниците истакнуваат дека мутациите кај вирусите се олекувани и покажуваат како вирусот се прилагодува на човечкото тело и како го избегнуваат имунолошкиот систем. И други научници во светот предупредија дека има мутирани верзии од вирусот кои се позаразни, но не и посмртоносни. Исто така, потенцираат дека мутациите не би требало да влијаат на ефикасноста на вакцините.

(Reuters)

Најчитани вести