Дејвид Гир нов евроамбасадор во земјава

18.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дејвид Гир нов евроамбасадор во земјава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

„Доаѓате во исклучително важен момент за нашата држава во однос на нашиот ЕУ пат. По историската одлука во март за почеток на преговорите, веруваме и очекуваме дека земјите членки во рамки на Германското претседателство со Советот на ЕУ наскоро ќе ја договорат преговарачката рамка и до крајот на годината ќе ја одржиме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи конкретниот почеток на преговарачкиот процес. Се потпираме на Вашето искуство и на Вашата искрена поддршка на овој пат, што ќе претставува историски заеднички успех уште на самиот почеток од Вашиот мандат”, порача Османи.

Тој изрази задоволство дека Северна Македонија добива искусен дипломат и сојузник кој, како што вели, професионално и принципиелно ќе се вложи во европската перспектива на државата, што претставува исклучителна важност за земјата во пресрет на претстојното објавување на годишниот извештај и пакетот за проширување на Комисијата и очекувањето земјата повторно да добие позитивни оценки.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата