Наполи и Милан одиграа возбудлив натпревари со резултат 2:2 во рамките на 32. коло на италијанската Серија А. Од овој резултат можеби најзадоволен е Наполи затоа што остана на шестото место кое води во квалификациите за Лига Европа, додека Милан остана зад него и моментално е без билет за еврокуповите идната сезона.

„Росонерите“ поведоа, а потоа и се спасуваа. Наполи имаше повеќе шутеви на гол но не победија. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во вториот дел и одигра 25 минути.

После одличната асистенција на Ребиќ францускиот интернационалец Тео Хернандез ја затресе мрежата на Наполи. Но тимот на Гатузо возврати пред крајот на првото полувреме со гол на Ди Лоренцо. Во 60 минута Наполи поведе со погодокот на Дрис Мертенс за во 73 минута Франк Кеси да изедначи од пенал после прекршокот на Максимовиќ во својот шеснаесетник.

Во финишот на мечот играчот на Милан Алексис Селмекерс во период од три минути доби втор жолт картон и го напушти мечот. Тоа, сепак, не донесе промена на резултатот.
Ова е трето реми по ред меѓу овие две екипи во првенството. Во јануари минатата година беше 0:0, во ноември 1:1, а сега 2:2.