ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ: Толпата во Белград извикува „Не го даваме Косово“ (ВИДЕО)

7.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД СОБРАНИЕ: Толпата во Белград извикува „Не го даваме Косово“ (ВИДЕО)

Демонстрациите пред Домот на народното Собрание  во Белград добија прилично насилен карактер. По упадот во холот на Собранието летаа и бакљи кон зградата!

Група демонстранти вечерва насилно упадна во салата во Домот на Народното  Собрание, предводена од независниот пратеник Срѓан Ного. Полицијата успеа да ја истера масата, но Ного остана во Собранието.

Протестот против воведувањето полициски час започна вечерва околу 20 часот и беше претежно мирен. Сепак, кратко време по 22 часот, група демонстранти започна да се качува по скалите пред зградата. Насобраните се туркаа и прскаа со вода, а сè беше проследено со извици „Нема го даваме Косово“, „О, Косово, Косово“, „Нема да дозволиме населување на мигрантите“.

По кратката турканица, полициските службеници успеаја да ги отстранат демонстрантите од холот на парламентот. Сепак, повеќето не се откажуваат од протестот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата