Јасно е дека Шалке останува без услугите на голманот Александар Нубел кој одамна потпиша за Баерн Минхен како слободен играч.

Затоа тимот од Гелзенкирхен веќе бара негова замена, и го најде во Александар Шволов од Фрајбург. Голманот веќе дал согласност да премине во Гелзенкирхен.

Дека трансферот на Шволов е пред реализација, покажува фактот дека Фрајбург веќе почна потрага по нов голман. Засега се двајца во комбинација: Цицан Станковиќ од Салцбург и резервниот голман на Борусија Дортмунд, Марвин Хитц.