Од 10 позитивни во едно семејство, САМО ЕДЕН Е СО СИМПТОМИ

5.06.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од 10 позитивни во едно семејство, САМО ЕДЕН Е СО СИМПТОМИ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска нагласи дека 90 проценти од новодијагностицираните пациенти се асимптоматски носители на коронавирусот, а останатите десет посто имаат сосем лесна симптоматологија.

Тој, на денешната прес-конференција, како пример посочи дека кај членови на едно семејство од десетина тестирани само еден има позитивен тест со сосем лесни симптоми, додека останатите девет се асимптоматски носители.

Што ни покажаа првичните резултати кога повторно почнаа да доаѓаат случаи во рамките на семејствата околу оние семејни настани околу 24/25 мај и неколку денови претходно дека има еден одреден процент асипмотиматски носители. И заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контакти на претходно дијагностицираните, околу 15 семејства се тоа во Скопје огромен дел од новодијагностицираните се тука. Но, 90 посто се асимптоматски, другите имаат сосем лесна симпотамтологија, вели Филипче.

Тој соопшти дека прво морале да го проценат капацитетот на болеста да прерасне во тешка, што, како што вели, не се случува изминативе две недели.

Значи има податок дека вируленцијата опаѓа, но во исто време знаеме дека не е здравствениот систем во ризик. Затоа се зголемија тестирањата, затоа се тестираа и примарните кконтакти во семејствата кои немаат апсолутно никакви симптоми. И сега имаме јасна слика, додаде Филипче.

Тој соопшти дека нема ниту еден пациент на респираторна машина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата