Љупчо Палевски: Не бев во бегство и не смеам да говорам за истрагата

21.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Љупчо Палевски: Не бев во бегство и не смеам да говорам за истрагата

Љупчо Палевски е спроведен во суд, пред судија на претходна постапка, за прв пат по бегството во Турција во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Двајца полицајци го спроведуваа, а главата му беше поставена во наведната состојба со зафат познат како “полуга”.

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд кажа дека не ги сторил убиствата.  Тој само одречно одговори на дека за тоа има докази дека тој не е убиецот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата