Снимка со куче што плаче предизвика бурни емоции и коментари кај корисниците на мрежата!

22.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимка со куче што плаче предизвика бурни емоции и коментари кај корисниците на мрежата!

 Сепак, честопати сме биле сведоци на различни ситуации кога домашните миленици покажале колку им се важни нивните сопственици.

Видеото кое се појави на Инстаграм трогна и расплака многумина на мрежите. Судејќи по коментарите, некои од нив не ни знаеле дека кучињата можат да плачат.

На видеото се гледа мало бело куче како седи на креветот на задните нозе и со насолзени очи гледа во својата сопственичка.

- Неодамна добив нова работа и сега кога сум подготвена да одам, моето куче знае дека ќе одам без него. Френки, не може да дојдеш со мене. Морам да одам на работа, навистина ми е жал - стои во описот на видеото.

Кучето со солзи во очите гледа во сопственичката и само што не заплакало.

- Те молам, не гледај ме така! Те сакам многу. Ќе се вратам наскоро, а потоа ќе одиме на долга прошетка. Добро? Те молам престани... ќе ми го скршиш срцето – му рекла сопственичката.  

Кога таа ја подава раката да го погали, тоа послушно легнува на креветот, и понатаму тажно што не може да биде со неа.

-Би зела многу денови боледување - стои во објавата на ова видео.

Се работи за куче чивава, додуша, нешто поголемо од вообичаената раса кое е многу емотивно. Корисниците на мрежата признале дека едвај ги задржале солзите кога го погледнале видеото.

- Ова куче ме натера да останам дома, а не е ни мое.

- Кажи им дека се откажуваш! Зар не ги виде неговите солзи...

- Не го познавам Фреки, но ми доаѓа да умрам поради него.

- Покажете им го ова на вашите шефови. Сигурен сум дека ќе разберат зошто не можеш да дојдеш на работа.

- О Френки! Не можам да престанам да плачам поради тебе, а не си мое куче.

- Девојко, луда ли си? Веднаш дај отказ!

- Колку пари ти требаат... јас ќе ти платам дневница. Френки нема да преживее ако продолжиш вака со него.

- Не ни знаев дека кучињата можат да плачат! Какви солзи... И јас плачам поради него.

- Ти го расплака кучето! Кутриот Френки - беа само дел од коментарите на оваа објава.

Извор: srecna.republika.rs

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата